По Таравари се јави и Ахмети, го потврди разговорот со лидерот на Алијансата

Без да открие детали што разговарал со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, претседателот на ДУИ, Али Ахмети потврди и дека имале телефонска комуникација.

Кратко рече дека ‘Како што изјави господинот Таравари, имав краток телефонски разговор и ништо повеќе’.

Но, затоа пак се впуштил во длабока анализа за состојбите во коалицијата Вреди. ТВ 21 пренесува дека Ахмети посочил дека ‘Раздвојувањето на Алијансата на Албанците на Арбен Таравари од останатите партии во коалицијата „Вреди“ , не е поради одлуката за самостоен настап на локалните избори, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според него, има друга причина поврзана со учеството на ВЛЕН во Владата’.

„Со ангажманот на политичките партии на ’Вреди’ во извршната власт на Република Македонија, тие направија девалвација и ги понижија Албанците во Република Македонија. Континуирано ги повикувавме да ги напуштат институциите за да не станат дел од понижувањето. За да не бидат дел од девалвацијата на Албанците. Што побрзо тоа го сфатат сите, како што изгледа од сите извештаи кои стигнуваат до мене, Таравари сфатил дека позициите на Албанците во Македонија се понижувачки, само како слуга и тоа што им кажува агата тоа го прават. Се надевам дека и другите ќе сфатат,“кажа Ахмети.

Од неодамна на политичката сцена е прашањето „Каква ќе биде одлуката на Таравари крилото на Алијанса за Албанците што го предводи тој на локалните избори да оди со свои советнички листи. Ова беше и причина да се состанат лидерите и високи функционери на коалицијата ВЛЕН, а по состанокот рекоа дека одлуката на АА е донесена во интерес на ДУИ, чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере“.

Како што посочи Изет Меџити, ВЛЕН не го исклучила Таравари од коалицијата, туку тој се самоисклучил. Според него, ваквата одлука на актуелниот министер за здравство претставува проблем и за Владата, но засега нема одговор дали ќе бараат негово разрешување од министерската функција

Дека има несогласувања во ВЛЕН, Таравари откри во интервју за „360 степени“, емитувано на 31 март. Во него тој говореше и упати критики за начинот на кој ВЛЕН функционира во Владата, оценувајќи го за „тромо“ и со „многу недостатоци”. Изнесе детали за тоа што било разговарано во коалицијата околу настапот на претстојните локални избори и за неговиот став околу ова прашање. 

Зачлени се на нашиот е-билтен