Поведена истрага против основачот и претседателот на Светскиот економски форум, Шваб

Светскиот економски форум поведе истрага против својот основач и долгогодишен претседател Клаус Шваб поради евентуални малверзации.

Светскиот економски форум денеска соопшти дека примил писмо со обвиненија против Шваб. Претходно, американскиот весник „Волстрит џорнал“ (Wall street journal) објави дека Шваб и неговата сопруга се одговорни за финансиски и етички престапи.

Шваб пред два дена соопшти дека поднесува оставка „на почетокот на својата 88 година“, без да наведе повеќе детали за одлуката.

Светскиот економски форум иницира интерна ревизија со цел да ја утврди основаноста на наводите изнесени во писмото.

Светскиот економски форум е фондација, која Шваб, по потекло од Германија, ја иницираше во 1971 година. Годишниот Економски самит во Давос се смета за една од најважните платформи за водечките политичари, врвни менаџери, експерти и претставници на граѓанското општество од целиот свет.

Зачлени се на нашиот е-билтен