Саудиска Арабија потпиша нов договор за извоз на нафта со Индија

Саудиска Арабија и Индија постигнаа договор за унапредување на соработката во снабдувањето со сурова нафта и течен нафтен гас, се наведува во заедничката изјава на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и индискиот премиер Нарендра Моди.

Саудиска Арабија и Индија постигнаа договор и за продлабочување на одбранбените врски и подобрување на соработката во производството на воена и одбранбена опрема, како и во сферата на земјоделството и безбедноста на храната.

– Ја поздравуваме одличната соработка меѓу нашите две земји во борбата против тероризмот и финансирањето на тероризмот, се посочува во заедничката изјава.

Саудиска Арабија сè уште е еден од водечките извозници на нафта во Индија.

Моди ја прекина посетата на Саудиска Арабија и се врати во Њу Делхи поради нападот на територијата Џаму и Кашмир, при што загинаа 26 лица. 

Зачлени се на нашиот е-билтен