Кина вели дека го поддржува Иран во разговорите со САД, се противи на „незаконските“ санкции

 Кина го поддржува Иран во преговорите со САД за нуклеарната програма на Техеран, но се противи на употреба на сила и „незаконски“ еднострани санкции за решавање на проблемот. Ова денеска го изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во разговор со неговиот ирански колега.

-Пекинг е подготвен да ја продлабочи соработката со Техеран за меѓународни и регионални прашања, му рече Ванг на својот ирански колега Абас Арагчи за време на разговорите во кинеската престолнина, се вели во соопштението на Министерството.

Зачлени се на нашиот е-билтен