Генералната секретарка на НАТО Шекеринска во посета на Црна Гора

Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе престојува во посета на Црна Гора. 

Како што соопшти Прес-службата на НАТО, Шекеринска денеска во Подгорица ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и ќе ги посети Центарот за кибер капацитети на Западниот Балкан и Оперативниот центар за кибер безбедност на Владата на Црна Гора. 

За утре е предвидено Шекеринска да учествува на отворањето на Младинскиот самит на НАТО во Будва.

На овој петти Младинскиот самит на НАТО, што ќе се одржи на 25 и 26 април, предвидено е учество на млади лидери од сите земји членки и партнери на Алијансата. Организатор на Самитот е НАТО во соработка со Атлантскиот совет на Црна Гора.

Зачлени се на нашиот е-билтен