Бучковски: Влезот во НАТО е најдоброто што го направивме за Македонија, денес политиката се води од ПР наместо од државни интереси

Поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски во емисијата Граѓански агол на организацијата Центар за граѓанско образование од Црна Гора, порача дека влезот во НАТО е најдоброто нешто што ѝ се случило на Македонија.

„За малата Македонија во оваа геополитичка поставеност, најдобрата работа што ја направивме во овие 30 години е тоа што таа сега е помеѓу најголемите светки сили“, порача тој.

Бучковски рече дека денес политиката се води повеќе како секојдневен ПР и поради тоа се изгубила и волјата на политичарите кои имаат лидерски капацитет, да се нафатат да ги водат државите.

„Во ситуација кога ПР-от е побитен од државните интереси, сите гледаат од денес за утре, гледаат само какви се реакциите на дневна основа и не влечат стратешки потези“ рече Бучковски, додавајќи дека токму неговите сопартијци како Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Димитар Ковачевски платиле превисока политичка цена само затоа што ја внеле Македонија во НАТО и ја приближиле до ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен