СДСМ: Владата лаже, зарем вработените јаделе на државна сметка!? Итно да ги објави фактурите

Од СДСМ рагираат на т.н. „демант“ од Владта во врска со потрошенте 30.000 евра за јадење од страна на владините министри. Од таму велат дека ‘шокантен е одговорот на Владата по вчерашното објавување на сметките од над 30.000 евра што владините министри ги изеле и испиле во неколку ресторани во Скопје. Според Владата, тоа биле сметки од бифињата на министерствата, а не сметки за ручеци на министрите’.

„Прашањето е – колку вработени тоа јаделе и пиеле на државна сметка? Или станува збор само за министрите и кабинетите на министрите? Дали покрај тие трошоци, министрите правеле и ручеци во рестораните кои ги снабдуваат бифињата во министерствата? Колкав е тој вкупен трошок?“, велат во СДСМ.

Опозициската партија, од Владата на Мицкоски бара итно да ги објави фактурите, деталните сметки кои ги поседува, за да се утврди дали и кои вработени направиле десетици илјади евра сметка за храна – или, пак, овие трошоци се направени од министрите по кафеаните.

„ВМРО-ДПМНЕ целосно се одлепи од реалноста. Откако потрошија 35.000 евра на манго и папаја, сега трошат по рестораните за ручеци и гозби. Ако се чесни – нека излезат во јавноста со детални сметки“, вела во СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен