Концерт на Солунскиот државен симфониски оркестар во Филхармонија

 Солунскиот државен симфониски оркестар на 16 мај ќе настапи во Скопје во салата на Филхармонија, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел, а со специјални гости од двете земји, како водечката сопранистка Мирто Папатанасиу и пијанистот Симон Трпчевски.

Со Оркестарот ќе диригира грчкиот диригент Владимирос Симеонидис. Како што соопштија организаторите, Солунскиот државен симфониски оркестар првпат настапува во Скопје, во неговото 66 годишно постоење.

На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, по повод 150 години од раѓањето на Равел и 90 години од смртта на Риадис.

Зачлени се на нашиот е-билтен