Маж ја убил сопругата и се обидел да побегне, уапсен на Табановце

Маж од Скопје, осомничен за убиство на својата сопруга, беше уапсен попладнево на граничниот премин Табановце, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, осомничениот, 38-годишниот Н.А., наводно ѝ нанел смртоносни повреди со остар предмет на својата сопруга Р.А. во семејниот дом во Скопје. Настанот бил пријавен во полиција околу 15 часот, а смртта на жената ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По нападот, осомничениот се дал во бегство, но полицијата за кратко време го лоцирала и околу 17 часот го уапсила на Табановце, при обид да ја напушти државата.

Случајот е пријавен кај јавен обвинител и против Н.А. ќе биде поднесена кривична пријава за убиство.

Зачлени се на нашиот е-билтен