Македонија ќе претседава со форумот Јадранско-јонскиот регион благодарание на Преспанскиот договор

На маргините на 10-от годишен форум на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) што се одржува на островот Крит во рамките на грчкото претседателство, Северна Македонија денеска на свечена церемонија и официјално ќе го преземе следното претседавање со ЕУСАИР од домаќинот Грција.

Станува збор за прво претседателство откако земјата стана дел од овие формати за регионална соработка, а македонската делегација ја предводи министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Северна Македонија го презема претседавањето со Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион за прв пат откако стана членка благодарание на Преспанскиот договор.

Министерот Муртезани ќе учествува на церемонијата на примопредавање на претседателството, на панелот на министри за фондови на ЕУ и на министерскиот состанок, како дел од пошироката агенда на Форумот посветена на зајакнување на регионалната соработка, поврзаност и интеграција во Јадранско-јонскиот регион.

Претседателството на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива започнува на 1 јуни 2025 година и ќе трае една година.

Зачлени се на нашиот е-билтен