И денешнито ден изминува а разврска за тоа кој ќе остане во Влада а кој од коалициските партнери на премиерот Христијан Мицкоски, ќе си оди, нема. Таравари, Меџити и Касами, преку медиумите си упатија пораки, кој и зошто треба да си замине од власта.
Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Владата, Арбен Таравари во изјава за медиумите изјави дека се во постојана комуникација со премиерот Христијан Мицкоски, но не открива кои ќе бидат следните чекори. ‘Дали ќе останат во Владата или не’, но затоа пак потенцираше дека јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните одлуки.
„Имавме состанок со премиерот пред два дена, ќе продолжиме со разговорите и сме во комуникација. За следните чекори, повторно ќе ве информираме“, изјави Таравари
Од друга страна пак, претставници на ДУИ преку медиумите вечерва го потсетија Таравари, како пред нив ги оцрнувал Вреди. Арбана Пашоли за ТВ Телма рече: ‘Го поздравивме чекорот на Таравари што рефлектираше, тој рече дека „Вреди“ не вреди толку и дека не се исполнети очекувањата на граѓаните кои ги гласаа’.
„И ако тоа доаѓа од внатре, од самата коалиција, од партнер кој довчера беше почитуван, тоа значи дека има вистина во тоа, без разлика што тие сега зборуваат за Таравари. Дали ние имавме улога? – Мислам дека ДУИ, сега и во рамките на Европскиот фронт, сме дале пример дека ние сме се обиделе и низ годините и цело време да се подобриме самите себеси. Никогаш не ни била целта другите, туку сме се обиделе како ние да се подобриме и како на најдобар можен начин да ги исполниме очекувањата на граѓаните. Тоа што се случува во „Вреди“ или со Таварари, тоа би требало сам да објасни и да каже зошто така постапил“, рече Пашоли.
По вчерашната средба со премиерот Мицкоски, од Вреди порачаа дека доколку Таравари остане на две столчиња, тие ќе го преиспитаат учеството во Владата.
Изет Меџити преку социјалните мрежи порача дека Вреди синоќа одлучиле да се изгаснат светлата на лицемерието и воедно го потсети Таравари на лекот „Ефридол“ кој тој симболично го носеше лани по изборните резилтати како порака до ДУИ да ја залечат болката од поразот.
Мицкоски се сретна со коалициските партнери од Вреди ден по неговата тет а тет средба со Таравари која заврши без епилог, со најава дека разговорите ќе продолжат до крајот на месецов до кога биде познато какво ќе биде идното функционирање на Алијанса за Албанците. За ВРЕДИ таа дилема е затворена од денот кога крилото на АА предводено од Таравари реши на локалните избори да настапи со посебни листи за советници, што предизвика револт кај другите партнери.