Херцог: Победата над нацизмот е победа на доброто над злото

Израел денеска ја одбележува 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, што израелскиот претседател Исак Херцог ја оцени како „победа на доброто над злото“.

– Се сеќаваме на жртвата и наследството на оние кои се бореа за да го победат најтемното зло во историјата. Со благодарност се сеќаваме на сојузничките армии и сите сили кои помогнаа во ослободувањето на Европа од нацистите. Се сеќаваме на 1,5 милиони еврејски војници, кои се бореа и на 250.000 војници, кои не се вратија, истакна Херцог.

Околу шест милиони Евреи се убиени од нацистите за време на Холокаустот.

Херцог посочи дека „лекцијата од победата над нацистите во тоа време беше јасна: Никогаш не смееме да молчиме пред омразата“.

– Светот не може да затвора очи пред антисемитизмот. Светот секогаш мора да биде со недвосмислена морална јасност и непоколеблива посветеност, обединет во одбраната на слободата и човечкото достоинство, истакна Херцог.

Зачлени се на нашиот е-билтен