(ВИДЕО) Кампањата во Србија се вжештува: Инцидент меѓу два табора во Белград

Screenshot/N1

Кампањата во Србија донесе нова напната средба на улиците на Белград. Полицијата интервенираше вчеравечер, на 10 октомври кај кружниот тек пред Општина Нов Белград, каде што истовремено се собраа приврзаници на Српската напредна партија (СНС) и граѓани што ја поддржуваат Студентската листа. Инцидентот почнал кога едно лице се обидело да одземе транспарент од приврзаниците на СНС.

Според Нова, која пренесува информации од порталот „Излаз“, граѓаните во Нов Белград секоја вечер од 20 до 21 час организираат собири за поддршка на студентите и истакнуваат транспаренти. Овојпат претставници на СНС поставиле партиски штанд на истото место, неколку минути пред да пристигнат поддржувачите на Студентската листа.

При обидот да се одземе транспарентот се приклучиле и други граѓани, а во еден момент бил искинат банерот со натпис „Обединета Србија“, наведува Нова. Полицајците ги разделувале двете групи, а по инцидентот граѓаните го продолжиле собирот за поддршка на студентите.

Н1 го опишува настанот како помал инцидент на почетокот на собирот и известува дека остатокот од собирањето поминал мирно. Според телевизијата, полицијата цело време стоела меѓу двете групи.

Паралелни собири на поддржувачите на Студентската листа и на СНС се одржуваат веќе неколку вечери на различни локации во Белград. На кружниот тек во Нов Белград, двете групи овојпат се нашле на исто место, со полициско присуство меѓу нив.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?