ЛДП: Над 134.000 нерешени предмети, а нема пари за нов судски кадар

ЛДП

Над 134.000 нерешени предмети и недостиг од судии и обвинители се последиците од запоставувањето на правосудството на кои денеска предупреди Либерално-демократската партија. Повикувајќи се на единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика, ЛДП ја обвини власта дека бара резултати од институциите, а не им обезбедува доволно средства и независност за работа.

Според податоците што ги наведува партијата, 18 од вкупно 34 судови се неажурни, а одредени обвинителства функционираат без ниту еден јавен обвинител. ЛДП го посочува и поништувањето на огласот за прием на 130 кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители, за што како причина наведува необезбедени средства од Министерството за финансии.

Од партијата тврдат дека за судската власт се издвојуваат 0,26 проценти од бруто-домашниот производ, наспроти законски предвидените 0,8 проценти. Претседателката Моника Зајкова оценува дека таквата состојба ги открива политичките приоритети на Владата.

„Очигледно, за власта има пари за функции, но нема пари за правда!“, порача Зајкова.

Критиките се однесуваат и на јавните коментари на високи владини функционери за конкретни истраги и постапки. Според ЛДП, таквите изјави создаваат притисок врз обвинителите. Партијата ги поврзува проблемите со кадарот и финансирањето и со измените на Кривичниот законик, кои, како што наведува, овозможиле застарување на предмети за висока корупција.

ЛДП бара обезбедување на средствата за правосудството, деблокирање на приемот во Академијата и пренасочување на непотребните административни трошоци. Бара и заштита на независноста на обвинителството, ревизија на кривичното законодавство и одговорност за високата корупција.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Црвено светло: суштински не го признава 827 (36%)
36 %
Чисто зелено: го признава без дилема 661 (28%)
28 %
Жолто светло: ставот на ЕУ останува нејасен 405 (17%)
17 %
Зелено со резерви: го признава, но не доволно уверливо 306 (13%)
13 %
Во магла сум: немам доволно информации 128 (6%)
6 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Црвено светло: суштински не го признава 827 (36%)
36 %
Чисто зелено: го признава без дилема 661 (28%)
28 %
Жолто светло: ставот на ЕУ останува нејасен 405 (17%)
17 %
Зелено со резерви: го признава, но не доволно уверливо 306 (13%)
13 %
Во магла сум: немам доволно информации 128 (6%)
6 %