До 2040 година Битола ќе се поврзе со воз до аеродромите во Скопје и во Охрид

Битола
Од Petar Milošević — сопствено дело, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=61842578

Битола со железничка линија да се поврзе со двата аеродрома во државата, во Скопје и во Охрид. Ова е предвидено во Нацрт-просторниот план на Македонија до 2040 година, кој беше презентиран во Битола, со посебен осврт на Пелагонискиот Регион.

Целта е трите поголеми градови најоддалечени од Скопје – Битола, Струмица и Охрид – со железница да се поврзат со главниот град за 90 минути, рече професорот Зоран Каракутовски од Градежниот факултет во Скопје.

„За тоа треба да се изгради брза пруга Скопје – Битола, која ќе минува преку железничка станица во Градско, а потоа ќе има девијација кон Росоман и Раец, со тунел под Плетвар за да може за еден час да се стигне до Прилеп. Од Прилеп до Битола е предвидена реконструкција на пругата, со електрификација и брзина од 120 до 149 километри на час. Така, Битола би била оддалечена 80 минути од скопскиот аеродром“, рече Каракутовски.

Во подалечна временска перспектива, според планот, се предвидува и железничко поврзување на Битола со охридскиот аеродром преку пругата Битола – Ресен.

Засега, Битола нема директно автопатско поврзување со ниедна од соседните поголеми дестинации. Нема автопатска врска со Охрид, Кичево и или со грчката граница, а не е довршено ниту автопатското решение кон Прилеп. Така, за да се поминат 45 километри меѓу Битола и Прилеп, понекогаш е потребен и повеќе од еден час.

Ж. З.

Преземено од Локал Актив Пелагонија, онлајн медиум на локалните заедници од пелагонискиот регион во РСМ, вклучително на ранливите групи граѓани и граѓанските организации што работат со нив.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?