Армијата ги покажа „Страјкер“ и JLTV пред граѓаните во Куманово

Страјкер

Армијата денеска, по повод 11 Октомври, ја претстави својата современа опрема и вооружување на градскиот плоштад во Куманово. Посетителите имаа можност одблизу да ги разгледаат оклопните возила „Страјкер“ и JLTV, како и дел од средствата што ги користат армиските единици.

Покрај возилата, на плоштадот беше изложена воено-полициска, алпинистичка и нуркачка опрема, современо пешадиско вооружување и други материјално-технички средства. Презентацијата им овозможи на граѓаните непосредно да се запознаат со дел од опременоста на Армијата.

На настанот присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општина Куманово, претставници на Владата, Собранието, општинската администрација и Генералштабот.

„Имав можност да се запознаам со дел од современата опрема и вооружување на нашата Армија“, објави Димитриевски по посетата.

Армијата го организираше приказот со поддршка на Општина Куманово, во рамките на празничната програма за Денот на народното востание. Годинава се одбележуваат 85 години од востанието, а Куманово беше домаќин и на централната државна манифестација.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?