Започна распитот во обвинителството за убиството во Штип за да се расветлат мотивите

Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се спроведени пет лица, кои се инволвирани во убиството на 25 годишниот странски државјанин во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип на 8 мај.

Судија на претходна постапка треба да одлучи за одредување мерки притвор. Полициски службеници ги донесоа 21 годишниот К.К државјанин на Република Турција за кој постои сомнение дека го сторил убиството, потоа А.Х, Т.М., О.М, и А.О. на возраст од 21 до 29 години сите турски државјани поради сомнение дека му помагале на К.К да побегне од местото на убиството.

МИА претходно информираше дека убиството врз 25 годишниот Е.О.е пријавено синоќа во 21.25 часот во СВР-Штип, по што бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал. Синоќа во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Во акцијата беа вклучени полициски службеници, а бил употребен и дрон. Набргу, по преземени мерки, и сторителот К.К. бил пронајден и приведен. 

Нејасно е и кои се мотивите за убиството. Според Телма тие се се движат од расправа за
девојка и долг до нарачано убиство.

Засега е нејасно дали сите овие лица се студенти или во Македонија престојувале по
друга основа.

Телевизијата Телма објави дека убиецот во Македонија пристигнал еден ден пред
убиството, и дека оваа му бил трет престој во државата.

Слободен печат пак објави дека тој имал статус на турист, а двајца од четворицата
приведени имале регулиран студентски престој. Убиениот и другите двајца од
приведените, пак, го немале продолжено студентскиот престој во земјава.

Телма повикувајќи се на извори од полицијата, објави дека убиениот имал неколку
пријави за поседување наркотици.

Зачлени се на нашиот е-билтен