Девојче удрено од автомобил на „Партизанска“ кај Сити мол

Девојче било удрено и повредено од автомобил синоќа околу 19 часот на скопскиот булевар „Партизански одреди“ во близина на Сити мол.

  • Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Партизански одреди во Скопје патничко возило ‘мини морис’ со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ ‘8 Септември’ за укажување лекарска помош. Во тек е увид“, информираа за медиумите од Министерството за внатрешни работи

Зачлени се на нашиот е-билтен