Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ во Брисел, започнува билатералниот скрининг за Поглавје 25

 Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ја предводи македонската делегација во Брисел по повод почетокот на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 25, „Наука и истражување“ од третиот кластер, „Конкурентност и инклузивен раст“. 

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ ќе ја искористи еднодневната работна посета на Брисел за да одржи координативен состанок со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Микела Матуела, а ќе се сретне и со Сајмон Мордју, советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

-Скрининг процесот се одвива непречено. Скоро сме на половина од неговата реализација, а според утврдениот календар, треба да заврши до крајот на ноември. Објаснувачкиот и билатералниот скрининг се комплетно завршени за два клучни кластера: Кластерот 1, „Темелни вредности“ и Кластер 2, „Внатрешен пазар“. Во тек е билатералниот скрининг за третиот кластер, „Конкурентност и инклузивен раст“, за кој веќе е завршен објаснувачкиот скрининг. Паралелно го затворивме и објаснувачкиот скрининг за четвртиот кластер, „Зелена агенда и транспортна политика“, соопштуваат од Секретаријат за европски прашања.

Зачлени се на нашиот е-билтен