Над 20 000 ученици дел од „Генералка викенд“


Над 20.000 ученици и повеќе од 1.000 наставници од основните и средните училишта се приклучија на националната еко-акција „Генералка викенд“, низ практични експерименти, часови и работилници посветени на заштита на животната средина и климатските промени.

Училиштата имаа можност да изберат од над 130 однапред подготвени активности со видео-материјали и прирачници, адаптирани за наставници и изработени од Биро за развој на образование и наука со поддршка од УНИЦЕФ и Шведска.

Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ директорката на Бирото за развој на образованието Милка Тримчевска, претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер и градоначалникот на Аеродром Дејан Митески учествуваа во училишните активности поврзани со „Генералка викенд“.

Од оваа година, еколошкото образование е интегрирано во наставата од I до VIII одделение, со над 7.000 обучени наставници.

Извор: Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен