Во Скопје утре ќе се прска против комарци, пчеларите да преземат мерки

Градот Скопје ќе спроведе авионска дезинсекција против комарци утре, во недела, во раните утрински часови. Акцијата ќе се одвива на поширокото подрачје на главниот град.

Од Градот информираат дека, доколку временските услови не дозволат спроведување на прскањето, дезинсекцијата ќе се одложи за првиот нареден ден со поволна прогноза, при што ќе се одржи во истиот термин.

Надлежните апелираат до пчеларите на време да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите, со оглед на тоа што средствата што се користат за дезинсекција може да бидат опасни по инсектите.

Зачлени се на нашиот е-билтен