Во фокусот на косовските медиуми денеска меѓу другото е делот од Европскиот извештај во кој се наведува дека Русија го користи своето влијание во Србија за дестабилизација и мешање во соседните суверени држави, вклучувајќи го и Косово. Во Албанија, Обвинителството на Тирана почнува истрага против висок раководител на полицијата, обвинет дека секој месец од кол-центар примал 10.000 евра мито.
Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.
КОСОВО
Газета Експрес- Извештај на Европскиот парламент: Русија создава тензии на Западен Балкан, вклучувајќи го и Косово
„Русија го користи своето влијание во Србија за да се дестабилизира и да се меша во соседните суверени држави, се вели во извештајот одобрен на 26 април од Комитетот за надворешна интервенција на Европскиот парламент (ЕП).
Се вели дека се мешаат во соседните земји: во Босна и Херцеговина (БиХ) преку Република Српска (РС), во Црна Гора преку просрпски чувства во земјата и Српската православна црква (СПЦ), и во Косово преку искористување или поттикнување на постоечките конфликти на север.“, пренесе Газета Експрес.
Бота Прес: Во Косово се бараат нови избори
„Претседателот на Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи, изјави дека на Косово и на неговите граѓани им требаат нови избори. Според Красниќи, на Косово секој ден се повеќе се забележува важноста на изборите, бидејќи како што вели, Владата на Курти станала заложник на самата себе, а граѓаните се заложници на власта.“, пренесе Бота Прес.
Репортери: Косово ја разгледува иницијативата за забраната на TikTok
„Комесарката во Агенцијата за информации и приватност (АИП), Кренаре Согојева Дермаку, изјави дека заедно со безбедносните институции ќе започнат со анализа и проценка дали Тик Ток треба да биде забранет на Косово.
По анализите на неколку земји дека може да има опасност од оваа платформа, прашањето за Тик-Ток го покрена пратеникот од Движењето Ветевендосје, Димал Баша за време на извештајот на АИП во вторник.“, пренесе Репортери.
АЛБАНИЈА
Сури: Тајните „укажувачи“ за корупција во администрацијата без успех
„Најмалку 13 дојави и 2 барања за заштита од одмазда се пристигнати преку е-пошта до канцеларијата на Високиот инспекторат за имотно пријавување и контрола и судир на интереси.
Оваа бројка е значително поголема од известувањата што пристигнале во канцелариите на овој инспекторат преку извештаите што ги доставиле обвинетите за одговорноста на укажувачите, каде што повеќето виделе почеток на истрага. ИЛДКПКИ извести дека дојави во пријави пристигнале од три институции.“, пренесе Сури.
Газета Тема: Обвинителството на Тирана почнува истрага против висок раководител на полицијата, обвинет дека секој месец од кол-центар примал 10.000 евра мито
„Обвинителството на Тирана и официјално ја започна истрагата за висок лидер на полицијата на Тирана.
Станува збор за Ерион Исмаили, кој моментално ја извршува функцијата началник на секторот за економски криминал во полицијата во Тирана.
Досието кое е под истрага на обвинителката на Тирана Суела Салавачи е поврзано со објава каде што се вели дека Исмаили земал мито од 10 илјади евра секој месец за да дозволи кол-центар слободно да врши измама со берзите против Европски граѓани.“, пренесе Газета Тема
КОЛУМНА
Телеграфи: „Драг“ непријател или „омразен“ противник
„Културата на консензус или почитување во политиката и понатаму е туѓа во Албанија. Не дека нашите политичари не го знаат тоа: во демократијата противникот не е непријател, како што тоа често им го повторуваат на странците, кои сакале или не, имаат голема тежина во процесите на нашиот развој. Можеби сме единствената земја во Европа која слави два датуми на ослободување од фашистичките напаѓачи; додека неретко, нашите политичари од двете страни сè уште се поистоветуваат со политичките сили на оваа војна!“, извадок од колумната „Драг“ непријател или „омразен“ противник“, од авторот Бен Андони, објавена во Телеграф.
Д. Тахири (ЦивилМедиа)