Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во палатата „Србија“ го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој е во официјална посета на Србија.
Тој беше свечен пречек пред Палатата на Србија во 8:00 часот наутро, по што следеа одвоени разговори со претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот Ѓуро Мацута, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ и пратениците од опозицијата.
Кошта и Вучиќ ќе се обратат на печатот во 9:30 часот, по што европскиот претставник ќе се сретне со опозициските парламентарни групи.
Претседателот на Европскиот совет синоќа на аеродромот беше пречекан од претседателот на Србија.
Кошта е во неколкудневна посета на земјите од Западен Балкан.
По Белград, тој ќе оди во Сараево и Подгорица, а на 15 мај ќе престојува во Скопје и Тирана, каде што следниот ден, на 17 мај, ќе се одржи Самитот на европската политичка заедница.
Пред неговото пристигнување, Кошта рече дека нема фиксен датум за прием на нови членки во Европската унија, но оцени дека Албанија и Црна Гора имаат предност во споредба со другите земји од Западен Балкан.
„Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е главен политички приоритет за ЕУ“
Европскиот совет објави дека Кошта ќе ја нагласи важноста од понатамошно зајакнување на обновениот моментум во процесот на проширување и односите меѓу ЕУ и Западен Балкан.
„Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е главен политички приоритет за ЕУ и за мене лично. Го посетувам регионот за да разговарам со лидерите за постојаните предизвици и да покажам дека ЕУ е подготвена да помогне. Постои јасен моментум за проширување, но моментумот бара посветеност и имплементација“, рече Кошта пред посетата.