Државниот инспекторат ги повлече смоквите на италијанската „Нобераско Спа“ од хрватскиот пазар, поради зголемена содржина на микотоксинот Охратоксин А.
Станува збор за смокви во пакување од 250 грама со рок на траење до 31 ноември оваа година и ознака ЛОТ 4351А.
Производот, како што се наведува, не е во согласност со европската регулатива за максимално дозволените количини на одредени загадувачи во храната, соопшти Државниот инспекторат.