Шведски научници потврдиле дека инсектицидите, фунгицидите и регулаторите за раст на растенијата можат да се наталожат во организмот кај деца и возрасни. Но, добро е да знаете дека само две недели без храна загадена со пестициди доволно е да се намали нивото на овие токсични материи во телото до минимални вредности.
Здравје на мозокот: Многу пестициди се неуротоксини, кои може да имаат сериозни последици по мозокот на цицачите и луѓето. Истражувањата покажуваат силна поврзаност помеѓу изложеноста на пестициди и развој на Паркинсонова болест, хронично и прогресивно нарушување на движењето.
Глифосат: Во извештај од 2011 година, се открива дека глифосатот е причина за загадувањето на воздухот во обем од 60 до 100 проценти. Во Европа, повеќе од 40% од подземните води се позитивни на глифосат, а тој е пронајден и во човечката урина, крв, па дури и во мајчиното млеко.
Здравје на децата: Децата се многу почувствителни на токсини во споредба со возрасните. Американската академија за педијатрија предупредува дека изложеноста на пестициди во раното детство е поврзана со зголемен ризик од појава на рак, намалена когнитивна функција и проблеми во однесувањето. Студиите покажуваат дека деца во предучилишна возраст, кои се изложени на пестициди, имаат намалена издржливост, полоша координација на движењата и слаба краткорочна меморија во споредба со деца кои не биле изложени на овие токсини.
Зеленчуците што треба да ги избегнувате
За да го намалите ризикот од изложеност на овие опасни хемикалии, избегнувајте да купувате следниве видови зеленчук, освен ако не се органски или одгледани во домашни услови:
-Целер
-Спанаќ
-Домат
-Чери домати
-Краставица
-Пиперка бабура
Изборот на органски или домашно одгледани производи може да биде клучен во намалувањето на ризикот од изложеност на пестициди и заштитата на вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.