Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата пристигна во тридневна посета на Унгарија

Папата Франциск утрово пристигна во тридневна посета на Унгарија. Предвидено е римокатоличкиот поглавар да се сретне со претседателката Каталина Новак и премиерот Виктор Орбан во текот на утрото во Будимпешта.

Папата (86) денеска ќе зборува пред унгарските власти и пред дипломатскиот кор.

Очекувано, на агендата на посетата ќе биде темата за миграцијата и војната во Украина.

За време на престојот во Унгарија, Папата ќе се сретне и со сиромашните, младите, претставниците на културата и универзитетите, а предвидено е во недела да предводи миса на отворено.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново