Пет земји го напуштаат меѓународниот договор: Европа повторно се соочува со „едно од најопасните оружја во светот“

Финска, Полска, Естонија, Летонија и Литванија одлучија да се повлечат од Конвенцијата од Отава, меѓународен договор со кој се забранува употреба на противпешадиски мини. Одлуката, донесена во светло на растечката безбедносна закана од Русија, наиде на остри критики од организациите за човекови права, кои предупредуваат дека може да го загрози глобалниот консензус изграден со децении против неселективно оружје.

Пет земји од Европската унија – Финска, Полска, Летонија, Естонија и Литванија – одлучија да се повлечат од Конвенцијата од Отава, меѓународен договор со кој се забранува употреба, производство и складирање на противпешадиски мини.

Ова претставува значителен пресврт во безбедносната политика на Европа, поттикнат од растечката закана од Русија, пренесува Си-Ен-Ен.

Инаку, Конвенцијата од Отава беше потпишана во 1997 година како дел од напорите за глобално разоружување по Студената војна, а до почетокот на оваа година ја потпишаа 165 земји.

Што претставува Отавската конвенција?

Конвенцијата од Отава беше потпишана во 1997 година како дел од напорите за глобално разоружување по Студената војна, а до почетокот на оваа година ја потпишаа 165 земји. Сепак, некои од големите воени сили – како Русија, Кина, САД, Индија и Пакистан – никогаш не ѝ се придружија. Во заедничкото соопштение во март, Полска и трите балтички држави најавија повлекување од договорот, тврдејќи дека е потребна нова проценка за тоа какви видови на оружје се прифатливи во светло на руската агресија. Тие истакнаа дека на нивните вооружени сили им треба „поголема флексибилност и слобода на избор“ за да го одбранат источното крило на НАТО.

Одлуката предизвика бурни реакции кај невладините и активистите за човекови права, кои предупредуваат дека тоа е опасен чекор наназад.

Противпешадиските мини, според експертите, се меѓу најопасните оружја бидејќи не избираат жртва и можат да убијат децении по завршувањето на конфликтот.

Амнести интернешенел особено ја критикуваше Финска за нејзината најава за повлекување од конвенцијата, нагласувајќи дека таа ги загрозува животите на цивилите и го поткопува деценискиот напредок во борбата против неселективно оружје.

„Тоа е вознемирувачки чекор наназад“, велат од организацијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен