ДУИ изрази незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, ниту другите институции не покажале грижа за застапеноста на Албанците при изборот на нов гувернер на Народната банка.
Во потесниот круг на кандидати нема ниту еден Албанец, што партијата го смета за игнорирање на мултиетничкиот карактер на државата.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до понеделник ќе се знае кој ќе биде предложен за оваа позиција. Меѓу можните кандидати се Зоран Ставревски, Трајко Славевски и актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, на која ѝ истекува мандатот на 21 мај.
ДУИ ја повика Претседателката да покаже лојалност кон Уставот и да овозможи фер застапеност на сите етнички заедници.