Седумдесетгодишен маж почина денеска околу 10 часот во близина на Михајловац, во автобус кој сообраќал од Германија кон неговиот роден град.
Починатиот, како што се наведува, е од Македонија, најверојатно од Струга, а прва помош му пружиле сопатниците кои застанале на паркингот во ресторанот „А1 Експрес“ во Михајловац, меѓу Белград и Ниш.
По 30 минути на местото на настанот пристигнала брза помош и полиција, кои се обиделе да го реанимираат несреќниот маж, но тој не можел да се спаси.
Причината за смртта сè уште не е позната, а телото е испратено на обдукција.