Движењето „Кој е следен?“ со герила акција пред Основното јавно обвинителство во Скопје потсетуваат на трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што велат од организацијата, со ваквата герила акција испраќаат порака за потребата од неселективна правда и одговорност за системската корупција.
„Корупцијата и моќта убиваат. Безбедноста е основно право и ние нема да престанеме да се бориме додека институциите не почнат вистински да служат на граѓаните“, порачаа од движењето.
Од „Кој е следен?“ги повикуваат сите граѓани да им се придружат на родителите на загинатите во несреќата, кои секоја сабота во 16:05 часот маршираат низ Кочани, барајќи правда и одговорност.