Утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 8 степени, со што на повисоките надморски височини и на планините ќе има појава на слаб до умерен мраз.
Во Скопје и околината минималната температура (недела 18 мај) наутро ќе се спушти до околу 5 степени.
Се очекува во текот на денот да се вратат пролетните температури, со што ќе имаме претежно сончево и стабилно време со температура од 17 до 26 степени, но и со мала до умерена локална облачност со ветер од југозападен и од западен правец, особено во западните предели.