Над 300 училишта во Британија, добија закани со бомби и порака „Алаху акбар“

Стотици училишта во Северна Ирска и Шкотска добиле заканувачки електронски пораки во кои се тврди дека во училишните објекти се поставени експлозивни направи. Заканите предизвикале вознемиреност меѓу учениците, родителите и наставниците, а полицијата започнала итна истрага.

Според британскиот „Скај њуз“, дури 300 училишта во Северна Ирска пријавиле дека добиле идентична електронска порака со закани, за која е утврдено дека потекнува надвор од Велика Британија. Слични пораки биле испратени и до училишта во Шкотска и во други делови од земјата.

Поради безбедносните ризици, неколку училишта во околината на Глазгов биле евакуирани во понеделникот наутро, но подоцна повторно биле отворени. Дел од училиштата во Северна Ирска, исто така, ја прекинале наставата како превентивна мерка.

Министерот за образование на Северна Ирска, Пол Гиван, изјавил дека пораките содржеле закани за поставени бомби и воведување шеријатско право, а биле потпишани со изразот „Алаху акбар“.

Гиван оценил дека пораките изгледаат како да потекнуваат од исламистички групи, но засега нема официјална потврда за идентитетот или мотивите на испраќачите.

Тој остро го осудил нарушувањето на образовниот процес и вознемиреноста што ја предизвикале заканите кај децата и нивните семејства.

Полицијата во Северна Ирска соопштила дека спроведува итна истрага и дека е во постојана комуникација со засегнатите училишта. Според досегашните проверки, не се пронајдени докази за вистинска експлозивна закана, а ризикот за јавноста се оценува како низок.

Шкотската полиција, исто така, потврдила дека ги истражува заканувачките пораки, кои засега се третираат како лажни.

Иако надлежните сметаат дека станува збор за организирана измама, инцидентот повторно го отвора прашањето за безбедноста на училиштата и можноста со масовно испраќање закани преку интернет да се предизвикаат страв и прекин на наставата.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?