Нашата земја стана 36-тата држава што се приклучи на коалицијата за формирање трибунал за агресијата против Украина.
Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба попладнево преку објава на Твитер ја потврди веста и истакна дека ги цени македонските пријатели што се приклучија во борбата за правда.
Тој додаде дека поддршката за Специјалниот трибунал е во постојан пораст.