Николоски тврдеше дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ, Макрон вели: За две години

Во септември 2024 година, само пред 8 месеци, нинистерот за транспорт и врски – Александар Николоски, осврнувајќи се на процесот на интеграција на земјава во ЕУ, рече дека тој прв изјавил дека нашата земја ќе биде споена со Албанија на патот кон ЕУ.

Но, во исто време, Николоски рече и дека е уверен оти Албанија нема никогаш да стане полноправна членка на Унијата.

„Јас тврдам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не поради Албанија, туку поради погледите на Европската Унија“, рече тогаш Николоски.

Минатата недела, Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ги повика странските инвеститори да дојдат во Албанија, која, како што рече, ќе биде во Европската унија „за две години“.

Албанија е „влезна точка“ во регионот на Балканот и пошироко во медитеранскиот басен, смета францускиот претседател.

– И за две години, за што премиерот Еди Рама има јасен мандат, таа ќе се приклучи на ЕУ, рече Макрон.

Пред оваа изјава на Макрон, ставот дека Албанија ќе биде членка на ЕУ до 2030 го презентираше и еврокомесарката за проширување Марта Кос, која рече дека очекува дека Тирана ќе ги затвори поглавјата до 2027 и дека после тоа ќе следува процесот на прифаќање на нејзиното членствио заедно со Црна Гора и Молдавија.

За Македонија, како и за Босна и Херцеговина и Косово, рече дека се тажни приказни на Западен Балкан.

Зачлени се на нашиот е-билтен