Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 49-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за локална самоуправа. (Сала 4/11:00)
Скопје – Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6/12:00)
Скопје – Посета на учесници на Tретиот форум за културна дипломатија – Скопје 2025. (Сала на Уставна комисија/13:00)
Скопје – Прес-конференција на пратеникот Беким Ќоку. ( Прес-центар на Собрание /10:45)
Скопје – Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе присуствуваат и ќе се обратат на промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план 2024 – 2028 година на Министерството за одбрана и Армијата. (х.„Лимак“/10:00/пристигнување на медиумите/9:45)
Делчево – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на проектот реконструкција на улици во населба Ново Делчево, Општина Делчево. (14:30 – Предвидена е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски). Локација: https://maps.app.goo.gl/c2MTSfpgwq9JQYEv5
Скопје – Трет „Форум за културна дипломатија“ во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов. (Министерството за надворешни работи и надворешна трговија/10:00)
Скопје – Седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија. ( Уставен суд / 9:30)
Тетово – Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами ќе присуствува на настан по повод одбележувањето на Денот на пожарникарите. (Плоштад/10:00,изјава за медиумите/11:30)
Скопје – Промоција на магистерските студии по конференциско толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. (Јуроп Хаус/11:00)
Скопје – Одбележување на Светскиот ден на пчелата под мотото „Пчелите инспирирани од природата да нè хранат сите“ во организација на Амбасадата на Република словенија, Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и хуманитарната и развојна организација АДРА Макеоднија. (На платото пред Факултетот за земјоделски науки и храна/10:00)
Скопје – Јавна трибина/средба со граѓаните на општина Ѓорче Петров тема: „Одговорно управување со био-отпадот – чекор поблиску до циркуларна економија“. (Дом на култура на општина Ѓорче Петров/ 13:30)
Битола – Одбележување на 20 мај – Ден на македонските пожарникари (Територијална противпожарна единица-Битола / 10:00)
Скопје – Прес-конференција за фестивалот на камерна музика „Класика меѓународен фестивал Струмица” 2025. (ресторан „Пелистер“/11:00)
Скопје – Промоција на часописот Европа: по рутата на Кирил и Методиј – туристичка публикација во издание на Look at it.cz од Чешка и на преводот на македонски јазик – романот „На убавата сина Джевнице“ од чешкиот писател Антонин Бајаја. (Јуроп хаус/19:00)
Скопје – Изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат ќе студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство. (КИЦ, Империјал 2/20:00)