Падна стотиот трофеј, Ѓоковиќ напиша уште една историја

Andymiah, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons
Andymiah, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Веднаш по завршувањето на финалниот натпревар на турнирот во Женева, во кој го победи Полјакот Роберт Хуркач (5:7, 7:6, 7:6), очигледно физички и психички исцрпениот Новак Ѓоковиќ се обрати пред публиката пред која го освои својот 100-ти трофеј во овој швајцарски град.

„Морав многу да работам за нешто вакво. Хуберт беше поблиску до победата, имав свои шанси особено во првиот сет. Потоа направив двојна грешка на топката за сет и натпреварот можеше да заврши во двата правци“, рече Ѓоковиќ, а потоа додаде:

„Само сакав да бидам таму. Не знам како го направив брејкот во третиот сет, можеби го подадов, но тоа се случува на ова ниво. Неколку поени го одлучуваат победникот. неверојатен натпревар, атмосферата е прекрасна, стадионот е полн. Мило ми е што ја освоив „стотката“ тука.“

Новак Ѓоковиќ ќе го игра својот следен натпревар во вторник, 27 мај, кога ќе се сретне со Макензи Мекдоналд на Ролан Гарос.

Зачлени се на нашиот е-билтен