Руски напад во Житомирската област: Убиени три деца, повредени 12 цивили

Три деца загинаа, а 12 лица беа повредени во руски напад на Житомирската област, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина (СЕС), пренесува Укринформ.

„Житомирска област: како резултат на непријателски напад, три деца – на возраст од 8, 12 и 17 години – беа убиени, а 12 лица беа повредени. Телото на едно од децата беше пронајдено од страна на спасувачите“, стои во соопштението.

Во нападот биле уништени и оштетени повеќе приватни куќи.

Најтешко погоден е Бердичевскиот регион, каде што се повредени две лица, меѓу кои и едно дете. Таму е оштетена петкатна станбена зграда, неколку приватни домови и комунални објекти.

На местото на настанот интервенираа екипи за итни случаи, волонтери од Црвениот крст и психолози, со цел да им се пружи помош на погодените.

Во спасувачките активности беа ангажирани 45 спасувачи и 10 единици механизација.

Зачлени се на нашиот е-билтен