Израелската војска пресретна ракета лансирана од Јемен, се огласија сирени

Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета лансирана од Јемен кон територијата на Израел. Сирени за воздушна опасност се огласија во неколку делови од земјата, соопшти претходно израелската војска. Сирени беа активирани и во одредени делови од Ерусалим, според известувањата на новинарите на АФП. Израелската армија потврди дека ракетата е успешно пресретната.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, бунтовничката група Хути од Јемен, поврзана со Иран, продолжува да испукува ракети кон Израел како израз на солидарност со Палестинците во појасот Газа. Повеќето од ракетите беа или пресретнати, или не стигнаа до својата цел. Хутите засега не дадоа изјава во врска со последното лансирање.

Зачлени се на нашиот е-билтен