Русија продолжува да работи на нацрт-меморандумот во кој се утврдени принципите на можен иден мировен договор за ставање крај на војната во Украина, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија во вторник.
Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор.
Путин рече дека меморандумот ќе ги дефинира принципите на можно решение, времето на можен мировен договор и деталите за евентуално прекин на огнот.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека работата на рускиот нацрт продолжува и дека откако документот ќе биде готов, тој ќе ѝ биде предаден на Украина.
„Русија продолжува да развива нацрт-меморандум за иден мировен договор, дефинирајќи голем број позиции, како што се принципите на решавање, времето на евентуален мировен договор и потенцијално прекин на огнот за одреден временски период доколку се постигнат соодветни договори“, рече таа.