Амбасадата на САД во Тирана, попладнево со првата реакција по парламентарните избори на 11 мај, која медиумите ја нарекоа „верификација на изборите од страна на САД”.
Амбасадата му честита на албанскиот народ за изборите и нагласува дека со “нетрпение очекува да го продолжат партнерството со Албанија”.
„Му честитаме на народот на Албанија за парламентарните избори и со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето блиско партнерство со Албанија“, напишаа од амбасадата.
На парламентарни избори што се одржаа на 11 мај победи Социјалистичката партија на Еди Рама, која обезбеди 83 пратенички места, опозицијата предводена од Демократската партија на Сали Бериша освои 50, Социјалдемократската партија на Том Доши доби 3 места, Партијата “Можност” на поранешниот демократ, Агрон Шехај 2 места, додека по едно место партиите на Адриатик Лапај и Арлинд Ќори.
Победата на Рама му ја честитаа претставници на многу земји, но ова е прва реакција на САД. Со тоа во вода паѓаат редовните изјави на опозицијата, според која, нереагирањето е “потврда дека САД не ги признаваат изборните манипулации”.