Организациски секретар на СДСМ, Мартин Костовски, денеска со уште една прес конференција од местото каде треба да биде фирмата која од МВР на чие чело стои Панче Тошковски, доби милионски тендер. Костовски порача дека зад фиктивната фирма стојат матни зделки и дека затоа СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и понуштување на овој скандалозен тендер. ‘Парите на граѓаните не се за партиски и бизнис зделки на министрите од ВМРО-ДПМНЕ!’
„Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР. Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот, Улица Орце Николов 188/2-11 Скопје“, порача Костовски од местото каде треба да биде фирмата која доби милински тенер.
Костовски прашува ‘И што најдовме тука? Апсолутно ништо!’
„Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата. Како е регистрирана оваа фирма? Дали фирмата има фиктивно седиште?“, рече Костовски.
Костовски, му пораша на Тошковски дека ‘е фатен жив во голем скандал и мора да одговори’.
„Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи? Ова не е обичен тендерски скандал. Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта“, порача Костовски.
Од СДСМ велат дека ќе продолжат да ја разоткриваат секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт.
„Одговорност мора да има!“