„Слободен печат“: Докторката Паниќ останува во болницата во Кочани

Слободен печат“ доби изјава од Министерството за здравство според кое докторката Катерина Паниќ останува во болницата во Кочани.

Откако преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани, преку писмо до јавноста алармираа дека се исплашени за нивното здравствено лекување бидејќи нивната докторка која беспрекорно се грижела за нив и покажала невидено човекољубие добила преместување во Скопје во ГОБ „8 Септември“, од Министерството за здравство за „Слободен печат“ информираат дека таа ќе остане во Кочани. Одлуката за нејзино прераспределување на потпишал екс-министерот за здравство Арбен Таравари, но неговиот заменик Јовица Андовски денеска во изјава за „Слободен печат“ рече дека вчера ја запрел таквата одлука.

– Сите зборуваат за таа докторка, дека пружа одлична здравствена нега на повредените и јас вчера разбрав дека добила прераспределување во Скопје, меѓутоа го запрев процесот. Докторката ќе остане во Кочани додека повредените имаат потреба од неа, изјави за „Слободен печат“ заменик министерот за здравство Андовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен