Фидан: Скромен напредок во преговорите меѓу Русија и Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека е постигнат „скромен напредок“ во преговорите меѓу Украина и Русија и дека следниот чекор би можел да биде прекин на огнот.

Фидан им рече на новинарите на пат кон Киев дека и Русија и Украина сакаат прекин на огнот и дека Турција во моментов се обидува да направи се што е можно за да го постигне тоа, објави Хуриет.

„Страните се согласија да преговараат и како резултат на тоа постигнаа одредени резултати. Размената на илјада затвореници беше важен чекор во овој поглед. Подоцнежен важен чекор е и страните официјално да ги консолидираат своите позиции за прекинот на огнот, да ги пренесат на другата страна и да продолжат со преговорите врз таа основа“, истакна Фидан.

Зачлени се на нашиот е-билтен