Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Софија протест на обвинители, судии и истражители по атентатот врз главниот обвинител Гешев

Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија денеска ќе протестираат пред судовите низ државата.

Судиите спонтано се одлучија на таков чекор по обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев. Според нив нападот врз правдата и националната безбедност е без преседан по својата дрскост и размери.

Со протестот, вработените во Обвинителството и истрагата сакаат и да му изразат поддршка на главниот обвинител и да го покажат своето единство против обидите за нивно заплашување.

Зачлени се на нашиот е-билтен