2,5 милијарди денари или 40 милиони евра изнесува Оперативниот план за вработување за 2025 година кој опфаќа над 16.000 граѓани.
Споредбено со минатата 2024 година, оваа Владата го зголеми истиот за рекордни 7,5 милиони евра.
Со Оперативниот план фокус се става на младите и невработените лица со што како Влада покажуваме дека наш врвен приоритет е намалување на невработеноста преку креирање и отворање на нови работни места за граѓаните.
Оперативниот план опфаќа три категории и тоа, млади лица коишто сакаме преку овие мерки да ги задржиме во државата, невработени лица и лица корисници на гарантирана минимална помош со што сакаме да го подобриме нивниот животен стандард.
Исто така Оперативниот план за вработување оваа година за првпат има таргетирани мерки за поддршка на младите, односно поддршка за самовработување оваа година е проширена со две нови поддмерки и тоа:
Мерка- Поддршка за самовработување се однесува на невработени лица со минимум основно образование, односно невработените лица да започнат сопствен бизнис. Висината на финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 7.000 евра неповратни средства за започнување на бизнис.