СДСМ: Дали фалат пари од Фондот затоа што две фирми добиваат огромни буџети? Клековски веднаш да си поднесе оставка

„Здравството се распаѓа пред очите на граѓните, а ВМРО-ДПМНЕ и Клековски зборуват за зголемување на придонеси, рече денеска на прес конференција членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски.

Според неа, само за 11 месеци колку што се на власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го турнаа Фондот за здравство во бездна. Болниците не функционираат, фондот е празен, а системот е на колена.

„Во Кочани – нема ниту завои, ниту инфузии, ниту лекови. Луѓе легнуваат по ходници, се чека со месеци за терапија, а владините партнеру уште не може да се договорат кој ќе биде министер откако диловите во здравството им пропаднаа. Наместо да ги расчисти криминалните тендери, да обезбедат лекови во болниците, да обезбеди вработувања и услови – Владата најавува зголемување на придонесите! Тоа значи: повеќе ќе ви земаат, а уште помалку ќе добиете“, рече Цветаноски.

Таа потсети дека, директорот на Фондот, Сашо Клековски, отворено зборува дека тоа е следниот чекор.

„Зголемување на давачките. Нов товар за секој работник, секое семејство, секој стопанственик. Прашањето е: каде се парите од придонесите досега? Кој профитира додека пациенти страдаат? Дали фалат пари само затоа што на две фирми им се даваа огромни буџети од Фондот? Зголемување на здравственото осигурување не е реформа. Тоа е обид за покривање на неспособноста. Кој профитира од страдањето на пациентите? Кој прави бизнис со здравјето на народот?“, праша таа.

Цветаноски предупреди дека граѓаните не смеат да ја платат цената за неспособноста на оваа власт и затоа СДСМ бара оставка од Клековски, бидејќи здравството мора да служи на граѓаните, а не на приватни интереси блиски до власта.

Зачлени се на нашиот е-билтен