Трамп вели дека го замолил Путин да не реагира по украинските напади со дронови врз руски бази за воени авиони

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека го замолил рускиот претседател Владимир Путин да не возвраќа по нападите со беспилотни летала на Украина врз руски воздушни бази.

„Реков немој да го правиш тоа, не треба да го правиш, треба да спречиш“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека од Путин добил одговор дека  „нема друг избор“ освен да биде возвратено на нападите.

Зачлени се на нашиот е-билтен