Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсени 22 лица за дивоградби на четири грчки острови

 Во рамките на контролите за борба со дивоградбите, грчката полиција во периодот од 29 април до 1 мај уапсила вкупно 22 лица на островите Миконос, Родос, Милос и Фолегандрос, јави дописничката на МИА од Атина. 

Како што соопштија од полицијата, против сторителите биле поднесени одвоени кривични пријави за незаконски градежни работи и вработување на нелегални странски државјани.

На островот Миконос биле уапсени лица кои бојадисувале дивоградби во рамките на хотелски бизнис, на Родос уапсените пренесувале градежен материјал во крајбрежен простор, а на Милос и Фолегандрос уапсените лица без дозвола вршеле градежни работи во објект во изградба. 

Зачлени се на нашиот е-билтен