СДСМ: Го блокираа БРТ пет години, сега го продаваат како свој успех

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ пет години го блокирала проектот за брз автобуски превоз во Скопје, а сега градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го претставува неговото продолжување како успех на актуелната власт.

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Давчевски, на прес-конференција оцени дека станува збор за „врв на политичко лицемерие“ и потсети дека БРТ-проектот претходно бил критикуван и блокиран од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Според СДСМ, токму поради политичките блокади проектот со години не бил реализиран, додека проблемите со јавниот превоз во главниот град се продлабочувале.

„БРТ е визија, идеја и проект на СДСМ. Ние го изработивме и го започнавме како рационално решение за спас на Скопје од сообраќајниот колапс“, рече Давчевски.

Тој нагласи дека СДСМ нема да се противи на реализацијата на БРТ, но ја обвини актуелната власт дека се обидува проектот да го претстави како сопствено достигнување.

Од партијата прашаа кога, според нив, ВМРО-ДПМНЕ била искрена – кога со години го критикувала и блокирала проектот или сега кога го претставува како квалитетно решение за градскиот транспорт.

СДСМ оцени дека изгубеното време не може да се надомести и дека скопјани во изминатите години ги чувствувале последиците од нефункционалниот јавен превоз.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?