Сопственикот на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска е уапсен по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград.
Според сознанијата на Нова.рс, апсењето е поради сомнение за предизвикување паника и нереди во продолжено траење и попречување на правдата. Во првичната информација не се наведени конкретните дејства на кои се однесуваат сомненијата.
Веста за апсењето во српското Собрание ја соопшти и Александар Вучиќ, шеф на пратеничката група „Александар Вучиќ – Србија победува“.
„Штотуку е уапсен и сопственикот на телевизијата ‘Информер’, Драган Ј. Вучиќевиќ“, рече Вучиќ.
